
Во новогодишното интервју, бугарскиот патријарх објасни дека Бугарската православна црква го признава автокефалниот статус на Македонската православна црква и дека спомнувањето на архиепископот Стефан на светата литургија поминало без реакции и без отворање нови спорови во православниот свет.
Во новогодишното интервју за првата програма на Бугарска Национална Телевизија, бугарскиот патријарх Даниил се осврна на повеќе актуелни црковни прашања, меѓу кои и на темата за признавањето на автокефалноста во православниот свет, пренесе Литургија.
Тој потсети дека на 26 декември, за време на светата литургија во црквата „Св. Георгиј“, вселенскиот патријарх Вартоломеј го спомнал „митрополит Епифаниј“ како еден од претстоителите на помесните православни цркви, на чија црква ѝ бил доделен томос за автокефалија.
Следниот ден, пак, во црквата ’Св. Стефан’, каде што јас началствував на светата литургија, го спомнавме архиепископот г.г. Стефан на Православната Црква во Северна Македонија. Бугарската Црква го признава автокефалниот статус на Македонската Православна Црква и никој не направи проблем.



























