УТРО.мк

Смрт во хотел во Истанбул: Браќа (17 и 15) пронајдени мртви во хотелска соба

Смрт во хотел во Истанбул: Браќа (17 и 15) пронајдени мртви во хотелска соба
Vero

Трагичен инцидент во Истанбул повторно ја отвори дебатата за безбедноста при употреба на опасни хемикалии во сместувачките објекти, откако двајца млади браќа од Холандија, на 17 и 15 години, ги загубија животите по труење со силно токсичен пестицид.

Случајот се случил во текот на август, во хотел лоциран во населбата Фатих, каде што семејството било сместено за време на престојот во турската метропола. Момчињата биле пронајдени без знаци на живот во својата соба, додека нивниот татко, кој исто така бил присутен, бил итно пренесен во болница и по медицинска интервенција преживеал.

Иако првичните сомнежи се движеле во насока на можна интоксикација со храна, подоцнежните резултати од обдукцијата дале поалармантна слика. Во телата на жртвите била утврдена присутност на алуминиум фосфид, супстанца позната по тоа што при разложување ослободува исклучително отровен гас.

Во врска со случајот, турските власти покренаа истрага и досега се приведени пет лица. Меѓу нив се наоѓа и управителот на хотелот, како и претставници на фирма задолжена за дезинсекција и контрола на штетници. Сите осомничени остануваат во притвор додека трае судската постапка.

Овој случај повторно ги насочи вниманието и критиките кон начинот на кој се контролира користењето на пестициди и други опасни хемикалии во туристичките објекти. Тој се надоврзува и на претходен сличен инцидент во Истанбул, во кој животот го загуби цело четиричлено семејство под речиси идентични околности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран