УТРО.мк

Скандал во Бугарија: 80 жени поднесоа жалби поради тајни снимки од козметички салони кои биле објавени на сајтови за возрасни (ВИДЕО)

Скандал во Бугарија: 80 жени поднесоа жалби поради тајни снимки од козметички салони кои биле објавени на сајтови за возрасни (ВИДЕО)
Vero

Бугарската јавност е вознемирена по откривањето на сериозен скандал поврзан со тајно снимање на клиенти во салони за ласерско отстранување влакна во Бургас. Во простории каде што се изведувале козметички третмани биле поставени видеокамери, а снимките од голи клиенти, меѓу кои и малолетни девојки, завршиле на интернет-страници со порнографска содржина, објави nova.bg.

Досега, до Регионалната дирекција за внатрешни работи во Бургас, како и до обвинителството и окружните канцеларии, биле поднесени над 80 пријави од жени кои се идентификувале како жртви, а се очекува бројот на оштетени лица дополнително да расте.

Компромитирачките видеа потекнуваат од козметичко студио во комплексот „Меден Рудник“, а дел од клиентите за нив дознале откако снимките биле пронајдени на платформи со содржина за возрасни. Иако забележале камери во просториите, тие сметале дека станува збор за мерка за безбедност и спречување кражби, без да претпостават дека во собите каде што се соблекувале целосно голи постои активен видео надзор.

„Ние не знаеме ништо. Кога дојдовме да работиме, камерите веќе беа поставени. Подоцна повикавме техничар да ги поврзе, бидејќи не ги користевме. Многу сум загрижена. Камерите беа поставени од безбедносни причини“, изјавила за nova.bg Станимира, вработена во салонот во „Меден Рудник“.

Според досегашните информации, меѓу снимените лица има јавни личности, малолетнички, па дури и бремена жена. Снимките биле објавени на повеќе од 10 платени веб-страници со порнографска содржина.

Истрагата продолжува, а покрај вработените во козметичките салони, под лупа се и интернет-провајдери, како и фирми задолжени за инсталација на системите за видео надзор.

Окружната обвинителка на Бургас, Марија Маркова, во изјава за емисијата „Здраво, Бугарија“, потврди дека се вршат итни проверки по бројните пријави од лица кои се пријавиле како жртви. Таа истакна дека за време на викендот бил одржан работен состанок со окружниот обвинител, обвинителите што го следат предметот и претставници на полицијата во Бургас.

Поради сериозноста и обемот на случајот, Обвинителството на Бургас побарало поддршка и од меѓународни служби, меѓу кои Дирекцијата за кибербезбедност, ФБИ и Интерпол, со цел да се запре понатамошната дистрибуција на видеата кои веќе кружат на интернет низ целиот свет.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран