УТРО.мк

„Црно семе“ по Битола ќе гостува и на сцената на МНТ – моќна приказна за страдањето и достоинството на македонскиот народ

„Црно семе“ по Битола ќе гостува и на сцената на МНТ – моќна приказна за страдањето и достоинството на македонскиот народ
Vero

На 20 февруари, во 20 часот, сцената на Македонскиот народен театар ќе ја оживее претставата „Црно семе“, сценска адаптација на антологискиот роман на Ташко Георгиевски. Народниот театар од Битола преку оваа изведба ја отвора едната од најболни страниците на македонската колективна меморија – судбината на Македонците од Егејска Македонија по Втората светска војна.

Во режија на Андреј Цветановски, „Црно семе“ претставува емотивен и моќен театарски чин кој низ личните судбини на ликовите ги прикажува темите за страдање, истрајност, идентитет и достоинство. „Ако ние не ги раскажуваме нашите приказни, никој друг нема. Затоа мора да се сеќаваме на имињата и судбините на нашите луѓе“, порачува Цветановски, истакнувајќи ја улогата на театарот како чувар на историската вистина.

Драматизацијата е дело на Јелена Цветановска, сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се потпис на Благој Мицевски, сценските движења се на Дамјан Цветановски, а музиката ја создава Димитар Андоновски.

На сцената ќе се појават: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Марија Цветановска, Александар Димитровски, Александар Копања, Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓоргиовски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран