УТРО.мк

СИРИЗА остро реагира: Неприфатлива цензура врз музички настап на македонски јазик во Лерин

СИРИЗА остро реагира: Неприфатлива цензура врз музички настап на македонски јазик во Лерин
Vero

Грчката опозициска партија СИРИЗА остро ја осуди одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат настапот на бендот „Банда Ентопика“ поради изведба на песна на македонски јазик, оценувајќи ја како неприфатлив чин на цензура.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, СИРИЗА наведува дека јавната објава на бендот за прекинот на нивното појавување, како од страна на градоначалникот така и од дел од присутните, укажува на сериозни проблеми поврзани со слободата на уметничкото изразување и начинот на кој таа се третира, особено кога притисокот доаѓа од носители на јавни функции во рамки на локалната самоуправа.

„Нетолерантните испади се неприфатливи и штетни за неопходната солидарност меѓу различните луѓе и народи, дури и кога станува збор за музички настап на бенд кој е познат по пеење на повеќе јазици – грчки, македонски, бугарски, турски, српски и ромски“, се наведува во реакцијата на партијата.

Од СИРИЗА потсетуваат дека бендот бил принуден јавно да појасни оти нивниот настап не бил платен од општината, откако градоначалникот изјавил дека „јас плаќам“ и дека „такви песни не би се пееле во мојот град“.

Во соопштението СИРИЗА-ПС нагласува дека секој обид за цензура е недозволив, не смее да најде оправдување во демократско општество и нема да биде толериран.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран