УТРО.мк

Продажбата на рускиот удел во НИС се одолговлекува – САД и дадоа продолжение на Србија

Продажбата на рускиот удел во НИС се одолговлекува – САД и дадоа продолжение на Србија
Vero

Вашингтон ја продолжи рокот за преговорите за продажба на рускиот удел во Нафтната индустрија на Србија (НИС), но истовремено ѝ забрани на компанијата да продолжи со работа. Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД издаде нова лиценца која дозволува само преговори до 24 март, без да се овозможи нормално работење на НИС, објави Радио-телевизија Србија (РТС).

Санкциите, кои стапија на сила на 9 октомври, ја запреа доставата на сурова нафта до рафинеријата на НИС и фактички ја замрзнаа работата на компанијата. Американските власти бараат целосно повлекување на рускиот сопственик, кој моментално поседува 56,15% од уделите, но процесот на продажба е одложен поради сложени преговори и обиди за пренос на акции преку ќерки-компании кои не се под санкции. Како резултат на тоа, рафинеријата на НИС беше принудена да запре работа на 25 ноември.

Српските власти, сепак, уверуваат дека снабдувањето со нафтени деривати е обезбедено до најдоцна 25 јануари. Претседателот Александар Вучиќ ја оцени новата лиценца како „малку значајна“ за Србија, нагласувајќи дека проблемот со снабдувањето мора итно да се реши. „Србија забрзано увезува гориво, а резервите се доволни барем до 15 јануари, а можеби и до 25 јануари“, рече тој.

Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, најави продолжување на дипломатските преговори со цел да се постигне прифатливо решение. Американските власти досега повеќепати предупредија дека не прифаќаат руско сопствеништво во НИС и инсистираат уделот на Русија да биде целосно нула.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран