УТРО.мк

ДЗС апелира: Почитувајте ги правилата за бројот на гости и осигурајте противпожарна заштита

ДЗС апелира: Почитувајте ги правилата за бројот на гости и осигурајте противпожарна заштита
Vero

Со приближувањето на празничните денови и традиционалните предновогодишни и новогодишни прослави, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упатува силен апел до сопствениците и организаторите на настани: безбедноста на посетителите не смее да се занемари.

Од ДЗС потсетуваат дека секој угостителски објект мора да ги почитува пропишаните мерки за заштита од пожари, како и да обезбеди брза и сигурна евакуација во случај на итни ситуации. Коридорите и излезните патишта треба постојано да бидат чисти и проодни, а излезните врати за евакуација – отклучени и функционални.

Посебен акцент се става и на противпожарната опрема: таа мора да биде исправна, достапна и редовно одржувана. Забранета е употребата на пиротехника и отворен пламен во затворени простории, како и другите опасни материјали кои можат да го загрозат животот и здравјето на посетителите.

ДЗС исто така нагласува дека капацитетот на објектите мора строго да се почитува, а персоналот да биде добро информиран и подготвен да реагира при било каква опасност.

„Нашата цел е превенција и заштита – како на граѓаните, така и на материјалните добра. Апелираме до сите организатори да постапуваат одговорно и да ги почитуваат законските регулативи“, велат од ДЗС.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран