УТРО.мк

По една година забрана, TikTok повторно достапен во Албанија

По една година забрана, TikTok повторно достапен во Албанија
Vero
tiktok
tiktok

Албанија повторно го отвора TikTok за своите граѓани, ставајќи крај на едногодишната привремена забрана што беше воведена по трагичен настан што ја потресе јавноста. Советот на министри донесе одлука за укинување на ограничувањето, оценувајќи дека ризиците поврзани со јавната и социјалната безбедност во дигиталниот простор се надминати, јавуваат локалните медиуми.

Забраната беше воведена во март 2023 година, по убиството на 14-годишниот Мартин Цани во близина на основното училиште „Фан Ноли“ во Тирана. Инцидентот, кој започнал како конфликт меѓу врсници и ескалирал по комуникација преку социјалните мрежи, ја отвори жестоката дебата за влијанието на дигиталните платформи врз младите.

Иако таткото на жртвата, како и самата компанија TikTok, подоцна истакнаа дека момчето не било корисник на апликацијата, владата сепак реши да преземе радикален чекор и да го блокира пристапот до платформата. Премиерот Еди Рама тогаш јавно предупреди дека социјалните мрежи, особено TikTok и Snapchat, „ги вовлекуваат децата во свои лавиринти уште од најрана возраст“, потенцирајќи ја потребата од поголема заштита.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран