УТРО.мк

Онлајн измамник се претставувал како војник и извлекол над 50.000 евра од 80-годишна жена од Загреб

Онлајн измамник се претставувал како војник и извлекол над 50.000 евра од 80-годишна жена од Загреб
Vero

Долготрајна интернет-измама во Загреб завршила со пријава во полиција, откако осумдесетгодишна пензионерка сфатила дека речиси две години била мета на лажен профил кој се претставувал како војник од странство. Според информациите објавени од загрепскиот „Јутарњи лист“, жената наводно му исплатила повеќе од 50.000 евра на лицето кое успеало да ја убеди дека има искрени намери.

Сè започнало со наизглед безазлен контакт на социјалните мрежи. Разговорите постепено станувале сè поинтензивни, а комуникацијата подоцна се префрлила и на мобилни апликации. Во текот на тој период, измамникот градел доверба и емотивна блискост, по што почнал да бара финансиска помош за различни наводни потреби.

Жената, убедена дека комуницира со вистинска личност која се наоѓа во тешка ситуација, со текот на времето испраќала значителни суми пари. Дури неодамна сфатила дека станува збор за измама и минатата недела решила случајот да го пријави во полиција.

Од Полициската управа во Загреб повторно предупредуваат дека ваквите т.н. романтични измами се меѓу најраспространетите облици на интернет-финансиски криминал. Измамниците најчесто се претставуваат како потенцијални партнери, воспоставуваат емотивна врска со жртвата и откако ќе ја стекнат нејзината доверба, почнуваат да бараат пари, подароци или чувствителни банкарски податоци.

Во некои случаи, сторителите бараат и лични фотографии или видеа, кои подоцна можат да ги злоупотребат.

Полицијата апелира граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица на интернет и да не влегуваат во разговори со луѓе чиј идентитет не може да се провери. Посебно предупредуваат да не се испраќаат пари на лица запознаени преку социјални мрежи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран