
Силните зимски невремиња што го зафатија Грција ги променија плановите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој го откажа своето учество на Светскиот економски форум во Давос. Наместо тоа, тој ќе отпатува во Брисел за неформален состанок со лидерите на Европската унија.
Причината за наглата промена на плановите не е само лошото време. Мицотакис утринава ќе претседава со итен состанок посветен на епидемијата на овча и козја сипаница, болест која веќе уништи над 470.000 животни во земјата. Иако оваа зараза не е опасна за луѓето, нејзиното влијание врз грчкиот сточарски сектор — столб на националната економија — е сериозно и бара итен одговор.



























