
Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија.
“Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и во посакам успех на вашата позиција како министер за Европа и надворешни работи, стои во честитката. Се посочува дека македонското национално малцинство во Република Албанија му изразува целосна поддршка и оти е убедено во неговиот успех.























