
Косовскиот премиер Албин Курти живее под кирија, додека на име на неговата сопруга е пријавен стан вреден 400.000 евра, покажуваат податоците од неговиот имотен лист доставен до антикорупциските институции.
Според пријавените информации, Курти навел дека нема сопствен недвижен имот, туку живее во куќа под кирија за која плаќа 250 евра месечно, врз основа на договор склучен на три години со можност за продолжување.
Во исто време, неговата сопруга поседува стан чија вредност е проценета на околу 400.000 евра, за кој е подигнат кредит од 290.000 евра со рок на отплата од 25 години.
Од финансиски аспект, премиерот пријавил дека има околу 400 евра готовина на сметка, додека неговата сопруга има заштеди од околу 23.000 евра.
Во однос на приходите, Курти навел годишен приход од 12.903 евра, додека приходите на неговата сопруга достигнуваат 39.200 евра годишно.























