УТРО.мк

Грузиски државјанин приведен во Атина по сомнеж за шпионажа

Грузиски државјанин приведен во Атина по сомнеж за шпионажа
Vero

Грчките власти привеле државјанин на Грузија на аеродромот во Атина, непосредно пред неговото заминување од земјата, откако тој бил под надзор најмалку 20 дена, јавуваат извори од Атина за МИА. Според истрагата, се сомнева дека мажот фотографирал и следел делови од воената база Суда на островот Крит.

Локалните медиуми објавуваат дека истражителите проверуваат дали грузискиот државјанин можел да шпионира и да има контакти со Иран. Во рамки на истрагата се анализира дигиталниот материјал кој го поседувал, а на подоцнежна фаза ќе се одлучува дали против него ќе биде подигната обвинение и формално уапсен.

Информациите покажуваат дека во неговиот телефон имало фотографии од американскиот носач на авиони USS Gerald Ford, а исто така, преку апликација, примал информации директно од ирански извори.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin