УТРО.мк

Бугарија го нарече македонскиот јазик „ДОСТАПЕН ЈАЗИК“ за граѓаните на Македонија

Бугарија го нарече македонскиот јазик „ДОСТАПЕН ЈАЗИК“ за граѓаните на Македонија
Vero

Бугарските власти преку соопштение објавено на интернет страницата на бугарското Министерство за надворешни реагираше на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која тој  рече дека на Бугарија ѝ пречело тоа што на македонски јазик е напишан Акцискиот план за малцинства, испратен од Македонија до Софија.

Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од Европскиот консензус од 2022 година.

„Република Бугарија со загриженост ги забележува последователните тези на властите во Скопје, кои остро се разминуваат со есенцијата на Европскиот консензус од 2022 година“ , се наведува во соопштението.

Во него бугарската страна не со  споменува македонскиот јазик, туку наведува „достапен јазик“ за граѓаните на Македонија.

„Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од С Македонија е внатрешно прашање на земјата и не е тема на билатералните односи. Документот ќе го спроведуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е дека треба да биде на јазик достапен за нив“, се вели во соопштението.

Бугарија исто така наведува дека Планот за правата на заедниците бил претставен на англиски јазик.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран