УТРО.мк

Американски воени авиони во Софија: Вежби на НАТО или нова геополитичка порака?

Американски воени авиони во Софија: Вежби на НАТО или нова геополитичка порака?
Vero

Софија денеска се најде во фокусот на јавноста поради присуството на повеќе американски воени авиони на аеродромот „Васил Левски“, што предизвика бројни реакции и шпекулации за нивната вистинска намена.

Дебатата дополнително се разгоре откако поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Милен Керемедчиев, објави фотографија од Терминал 1, тврдејќи дека на пистата се распоредени седум американски танкери за полнење гориво во воздух, три транспортни авиони од типот Ц-17 и Ц-130, како и неколку „Боинг 747“ за превоз на војници. Според неговите проценки, станува збор за операција поврзана со Блискиот Исток, со можен фокус кон Иран.

Овие тврдења наидоа на брз демант од бугарските институции. Од Министерство за одбрана на Бугарија информираа дека авионите навистина припаѓаат на американските воздухопловни сили, но нивното присуство е поврзано со активности на НАТО за засилена будност и обука на Алијансата.

Слична позиција изрази и Амбасада на САД во Бугарија, од каде посочуваат дека станува збор за редовни активности во рамки на договорите за соработка, обука и регионална безбедност, при што Бугарија обезбедува логистичка поддршка како партнер во Алијансата.

Вршителката на должност министер за надворешни работи, Надежда Нејнски, изјави дека институциите внимателно ја следат ситуацијата. Таа посочи дека се собираат дополнителни информации и дека јавноста ќе биде навремено информирана штом се утврдат сите факти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран