УТРО.мк

ДИМИТРОВСКИ: БИТОЛА ЖИВЕЕШЕ ПРАЗНИЧНО – ЗАВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ ЗИМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ДРЖАВАТА

ДИМИТРОВСКИ: БИТОЛА ЖИВЕЕШЕ ПРАЗНИЧНО –  ЗАВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ ЗИМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ДРЖАВАТА
Vero

Годинешното издание на „Зимска приказна“ уште еднаш покажа дека празниците во Битола не се само дел од календарот, туку заедничко искуство создадено од градот и неговите жители. Со силна поддршка од Општина Битола, локалната заедница, културните институции, образовните установи, уметниците и граѓаните, фестивалот ја потврди способноста на градот да организира современи, квалитетни и препознатливи манифестации.


Во периодот од 20 декември до 8 јануари, Битола живееше во ритамот на најголемиот зимски фестивал во државата, кој веќе неколку години по ред го редефинира празничното доживување и ја позиционира Битола како регионален центар на културниот и манифестациониот туризам.


Осум локации низ градот функционираа како една целина – од Плоштадот Магнолија, Широк Сокак и Офицерскиот дом, преку Пациото на музејот, Безистенот и Старата чаршија, до Bliss и Националниот парк Пелистер. Градот беше претворен во светлечка мапа на настани, каде што секој простор доби своја сцена и своја публика.


Бројките дополнително ја потврдуваат големината на настанот. „Зимска приказна 2025/2026“ понуди над 200 часа програма, од кои повеќе од 40 часа беа наменети за најмладите. На фестивалот настапија 67 бендови и над 20 соло изведувачи, а активно беа вклучени и образовни институции од јавниот и приватниот сектор. Програмата беше рамномерно распоредена на девет локации, а годинава за првпат со сопствени иницијативи се вклучи и приватниот сектор.


Посетителите имаа можност да уживаат во детско кино под отворено небо, уметнички содржини, гастрономија и зимски базар, голема концертна сцена кај Офицерскиот дом, алтернативна сцена во Пациото, мала сцена во Старата чаршија, како и вечерни DJ-сетови во празничниот автобус и во Безистенот. Посебен акцент беше ставен и на светлосното обликување, кое дополнително ја истакна елеганцијата и автентичноста на градот.


Од Општина Битола порачуваат дека „Зимска приказна“ продолжува да се развива, со јасна визија за уште посилно вклучување на заедницата и креирање на културни настани кои ќе го афирмираат градот и надвор од границите на државата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран