УТРО.мк

Железничка трагедија во близина на Барселона: Воз излета од шините, загина машиновозач

Железничка трагедија во близина на Барселона: Воз излета од шините, загина машиновозач
Vero
voz
voz

Шпанија повторно е завиена во црно по уште една тешка железничка трагедија. Патнички воз синоќа излета од шините во близина на Барселона, при што животот го загуби машиновозачот, а најмалку 37 патници се здобија со повреди.

Несреќата доаѓа само неколку дена по катастрофалниот судир на два воза во неделата, во кој загинаа најмалку 42 лица, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на железничкиот сообраќај во земјата.

Според првичните наоди на истрагата, возот налетал на потпорен ѕид што се урнал на пругата меѓу местата Гелида и Сант Садурни, при што се судрил во истиот. Причина за уривањето, како што наведуваат локалните власти, е силното невреме што ја зафати областа – бура проследена со интензивни дождови и силни ветрови.

Службите за итна помош веднаш интервенирале на местото на настанот и успеале да ги евакуираат сите патници од композицијата. Паралелно, се спроведуваат детални пребарувања на околината за целосно да се исклучи можноста за дополнителни жртви.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран