УТРО.мк

Зеленски од Давос со остри пораки до Европа: Без акција, нема безбедност, утре можно трилатерално средба со САД и Русија

Зеленски од Давос со остри пораки до Европа: Без акција, нема безбедност, утре можно трилатерално средба со САД и Русија
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа остар и критички говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој директно ја обвини Европа за недоволна решителност и отсуство на конкретна акција во однос на војната во Украина и сопствената безбедност.

На почетокот од обраќањето, Зеленски оцени дека Украина со години живее во „Денот на мрмотот“, повторувајќи ја истата реалност на војна и неизвесност. Потсети дека и лани во Давос порачал оти Европа мора да знае како да се брани, но, како што рече, „помина една година, а ништо не е направено“.

Тој критикуваше дека европските лидери се фокусирани на споредни теми, додека суштинските безбедносни прашања се оставаат на страна. Зеленски посочи дека Западот не реагирал навреме ниту во случаите на Иран и Белорусија, предупредувајќи дека ракетите и воените распоредувања „никогаш не се за декорација“.

Посебен акцент стави на руската нафта, нагласувајќи дека таа и понатаму носи приходи за Москва. „Ако Путин нема пари, нема да може да води војна. Руската нафта мора да се запре и конфискува“, рече Зеленски, прашувајќи зошто Европа не презема мерки како САД.

Украинскиот претседател повтори дека безбедносните гаранции нема да функционираат без поддршка од САД и дека Европа мора да создаде заедничка воена сила. Тој предупреди дека НАТО во моментов опстојува врз претпоставката дека Америка ќе интервенира, но дека европските лидери сè почесто се прашуваат што ако тоа не се случи.

Зеленски оцени дека Европа е поделена и дека недостасува политичка волја за формирање трибунал за злосторствата извршени врз украинскиот народ. И покрај санкциите, како што рече, тие не се доволни, бидејќи руската економска машинерија сè уште функционира.

На крајот од обраќањето, Зеленски изјави дека се очекува првиот трилатерален состанок меѓу Украина, Русија и САД да се одржи утре и задутре во Обединетите Арапски Емирати, додавајќи дека и самиот дознал за тоа од американската страна.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран