Соединетите Американски Држави испратија недвосмислена порака дека нема да поддржат никакви обиди за прецртување на границите или промени на етничкото и политичкото уредување на Западен Балкан. Оваа позиција е вградена во Законот за овластување за национална одбрана на САД за 2026 година, потпишан од претседателот Доналд Трамп.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Законот ја нагласува стратешката важност на регионот и ја потврдува поддршката на Вашингтон за евроатлантската интеграција, демократскиот развој и економската стабилност на земјите од Западен Балкан. Посебен акцент се става на намалување на енергетската зависност од Русија и спротивставување на, како што се наведува, злонамерното влијание на Кина.
Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија се дефинирани како плуралистички и мултиетнички општества, чија стабилност е од клучно значење за мирот во Европа. САД најавуваат континуирана поддршка за демократските институции со цел спречување на повторно појавување на етнички тензии.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Документот предвидува и можност за санкции против поединци или политики што го загрозуваат мирот, безбедноста или територијалниот интегритет на која било земја во регионот. Истовремено, Стејт департментот ќе има обврска редовно да известува за активностите на Русија и Кина, вклучително и за обидите за политичко влијание и мешање во изборни процеси.
Посебна загриженост се изразува за демократските стандарди во Србија по последните изборни процеси, како и за потребата од напредок во спроведувањето на Бриселско-Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина. Законот ја нагласува и важноста од продолжување на мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
Покрај безбедносниот аспект, САД најавуваат засилена поддршка за економскиот раст, зголемување на инвестициите и диверзификација на енергетските извори, со цел регионот да стане поотпорен на надворешни геополитички притисоци.



























