УТРО.мк

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: САД извршија одмазднички напади врз Иран по смртта на американски војници во Јордан

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: САД извршија одмазднички напади врз Иран по смртта на американски војници во Јордан
Vero

Конфликтот меѓу САД и Иран доби нова, опасна димензија откако американската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Иран како одговор на иранскиот ракетен и беспилотен напад врз американска база во Јордан, во кој загинаа двајца американски војници, а еден сè уште се води како исчезнат. Нападите беа извршени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Централната команда на САД (CENTCOM), операцијата имала за цел да ги ослабне иранските воени капацитети и да испрати јасна порака дека нападите врз американските сили нема да останат без одговор. Во соопштението се наведува дека загинатите војници биле погодени додека американските и сојузничките сили се бранеле од ирански балистички ракети и беспилотни летала. Четворица други војници биле префрлени во болници во Јордан, но подоцна биле пуштени, додека останатите со полесни повреди се вратиле на должност.


Иранската агенција „Мер“ (Mehr) објави дека американските напади биле насочени кон област во близина на градот Сирик, во јужниот дел на земјата. Според иранските власти, засега нема потврдени информации за жртви или за поголема материјална штета.

U.S. Central Command (CENTCOM) has announced the completion of another round of retaliatory strikes, for the eighth night in a row, against Iranian military coastal surveillance and air defense facilities, maritime capabilities, and missile and drone storage sites, which were…pic.twitter.com/RERFU8abRY— OSINTdefender (@sentdefender)July 19, 2026

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin