
Американските резерви на муниција достигнаа историски високи нивоа, тврди претседателот Доналд Трамп, испраќајќи јасна порака кон Техеран и светската јавност за воената моќ на САД. На својата платформа Truth Social, Трамп нагласи дека Соединетите Држави се подготвени за долготрајни воени операции, доколку тоа биде потребно.
„Нашите резерви на муниција од средна и повисока класа се речиси неограничени. Тоа ни овозможува да водиме војни ‘засекогаш’ и да постигнуваме значајни резултати“, истакна Трамп, додавајќи дека американското вооружување е супериорно во однос на било која друга нација. Иако најсовремените, т.н. „high-end“ вооружувања сè уште не се на идеалното ниво, тој истакна дека значителни залихи се распоредени кај сојузниците ширум светот.
Покрај тоа, Трамп не ја изостави критиката кон својот наследник Џо Бајден, обвинувајќи го за слабеење на американските воени капацитети преку испраќање голема воена помош за Украина. „Поспаниот Џо Бајден му даде сè на П.Т. Барнум (Зеленски) без да се потруди да ги обнови нашите резерви, додека нашето најмодерно оружје заминуваше без надомест“, напиша Трамп.























