УТРО.мк

Техеран ги обвини Вашингтон и Тел Авив за немирите додека протестите не стивнуваат

Техеран ги обвини Вашингтон и Тел Авив за немирите додека протестите не стивнуваат
Vero

Иран директно ги обвини Соединетите Американски Држави за ескалацијата на насилството што ја потресува земјата, тврдејќи дека странско мешање ги претворило мирните протести во хаотични немири. Официјален Техеран наведува дека Вашингтон, во координација со Израел, стои зад поттикнувањето нестабилност и вандализам низ земјата.

Постојаниот претставник на Иран во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, пред Советот за безбедност изјави дека САД се одговорни за, како што рече, „трансформирање на мирните протести во насилство, субверзија и широко распространет вандализам“. Во официјално писмо до ОН, иранската мисија го осуди „нелегалното и неодговорно однесување“ на САД и Израел, обвинувајќи ги за директно мешање во внатрешните работи на Иран преку закани, поттикнување и ширење нестабилност.

Според Иравани, ваквите активности претставуваат дестабилизирачки практики што ја нарушуваат Повелбата на Обединетите нации, ги кршат основните принципи на меѓународното право и го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност.

Во меѓувреме, и покрај целосниот прекин на интернетот што трае повеќе од 24 часа, протестите продолжиле и синоќа на улиците на Техеран. Според ограничените информации што успеваат да излезат од земјата, властите испратиле и заканувачки СМС-пораки до граѓаните со предупредувања да не учествуваат во демонстрациите, објави Би-Би-Си.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран