Најмалку четири лица загинаа во разорниот тајфун „Фунг-вонг“ кој го погоди северозападниот дел на Филипините, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиште и прекини на електричната енергија во повеќе провинции, соопштија локалните власти.
Во планинската провинција Нуева Вискаја, лизгање на земјиште затрупало семејна колиба во градот Кајапа. При несреќата загинале две деца, а нивните родители и братот биле повредени и итно пренесени во болница.
Во провинцијата Катандуанес едно лице се удавило во ненадејни поплави, додека во градот Катбалоган во провинцијата Самар загинато лице е пронајдено во урната куќа поради силните ветрови и надојдените води.
Властите предупредуваат дека ризикот од нови лизгања и поплави и понатаму е висок, бидејќи дождовите продолжуваат во погодените региони. Се работи на расчистување на патиштата и обновување на електричната мрежа.























