УТРО.мк

САД официјално го напуштаат СЗО

САД официјално го напуштаат СЗО
Vero

САД официјално се повлекоа од Светската здравствена организација (СЗО), завршувајќи го процесот што беше започнат со наредбата на претседателот Доналд Трамп пред една година. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, овој чекор го оцени како „голема загуба и за САД, и за светот“ и изрази надеж дека земјата повторно ќе се врати во агенцијата.

Повлекувањето стапува на сила денес, по истекот на задолжителниот едногодишен рок за известување предвиден во договорот меѓу САД и СЗО. Иако формално е испочитуван рокот, условите за повлекување не се целосно исполнети – американската влада не ги уплатила сите свои претходни придонеси, вклучително и членарините за 2024 и 2025 година во висина од околу 280 милиони долари. СЗО нема правна можност да ја спречи одлуката или да бара наплата, појаснува агенцијата dpa.

„Ова не е само прашање на пари, туку на глобална соработка и солидарност. Сите губиме со овој потег“, истакна Тедрос, потсетувајќи дека СЗО игра клучна улога во системите за рано предупредување и справување со потенцијално опасни болести.

Односот на Трамп со СЗО се заостри за време на пандемијата на коронавирус, кога тој ја обвини организацијата за лошо управување и злоупотреба на средства. За време на неговиот прв мандат, тој се обиде да ја напушти агенцијата, но неговиот наследник Џо Бајден ја поништи наредбата пред да истече рокот. По враќањето на Трамп во Белата куќа, САД продолжија да не ги плаќаат останатите обврски кон СЗО.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран