УТРО.мк

„Одборот за мир“ без Канада – Трамп ја повлече поканата

„Одборот за мир“ без Канада – Трамп ја повлече поканата
Vero
kanada
kanada

Ескалацијата меѓу Вашингтон и Отава доби ново, симболично поглавје. Американскиот претседател Доналд Трамп ја поништи поканата до Канада за приклучување кон новоформираниот „Одбор за мир“, откако канадскиот премиер Марк Карни од говорницата во Давос остро ја критикуваше глобалната економска нерамнотежа и улогата на големите сили — со јасна алузија на Соединетите Држави.

Настапот на Карни на Светскиот економски форум предизвика силни реакции во американската администрација. Во својот говор, канадскиот премиер предупреди дека економската интеграција сè почесто се користи како средство за политички притисок, додека царините, според него, се претвораат во оружје на моќните држави. Пораката, иако формално општа, во Вашингтон беше протолкувана како директна критика на американската економска политика.

Одговорот на Трамп беше брз и јавно демонстративен. Преку објава на социјалната мрежа „Трут соушл“, тој соопшти дека поканата до Канада е повлечена, нагласувајќи дека Одборот за мир, по негови зборови, ќе стане „најпрестижниот собир на светски лидери досега“ — иницијатива во која, очигледно, нема место за јавно несогласување со американската визија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран