УТРО.мк

Нов позитивен случај на хантавирус кај евакуиран патник од бродот „Хондиус“

Нов позитивен случај на хантавирус кај евакуиран патник од бродот „Хондиус“
Vero

Во Шпанија е регистриран уште еден случај на хантавирус меѓу патниците евакуирани од експедицискиот брод „МВ Хондиус“, откако на пловилото беше откриена епидемија што ги стави во состојба на тревога здравствените власти.

Министерството за здравство соопшти дека заразениот е шпански државјанин кој бил под постојан медицински надзор уште од пристигнувањето во земјата, бидејќи бил идентификуван како близок контакт на претходно потврден случај. Иако кај него не се појавиле симптоми, вирусот бил откриен при рутинските тестирања спроведени во рамки на епидемиолошката контрола.

По искрцувањето на бродот на Тенерифе на 10 мај, вкупно 13 патници и еден член на екипажот биле транспортирани во воената болница „Гомез Уља“ во Мадрид, каде што поминале карантин и медицинско следење според протоколите за брз одговор на заразни болести.

Првиот позитивен случај бил потврден само еден ден по нивното пристигнување. Станува збор за пациент со лесна клиничка слика, кој, според лекарите, успешно се опоравува. Останатите тестови до денеска биле негативни, сè додека не бил откриен и вториот случај.

Здравствените експерти предупредуваат дека хантавирусот може да има долг инкубациски период, од една до шест недели, што дополнително ја усложнува контролата и следењето на потенцијалните контакти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран