УТРО.мк

Мегапроект во Виена: 3.000 станови во добиваат целосна енергетска трансформација

Мегапроект во Виена: 3.000 станови во добиваат целосна енергетска трансформација
Vero

Во Виена започнува една од најамбициозните енергетски интервенции во станбениот сектор во Австрија: целосна модернизација на легендарниот комплекс Allt-Erlaa, кој веќе половина век претставува симбол на социјалното домување.

По повод 50-годишнината од неговата изградба, градските власти и инвеститорите стартуваат сеопфатен проект чија цел е да му се даде нов, современ лик на целиот комплекс, но и значително да се подобрат неговите енергетски перформанси. Во овој огромен станбен „град во град“, каде што живеат околу 9.000 жители, ќе се интервенира буквално на секое ниво од инфраструктурата.

Во центарот на проектот стои масовна замена на околу 24.000 прозорци и балконски врати, заедно со темелна обнова на фасадите и дополнително термичко изолирање на објектите. Санацијата опфаќа 3.182 станови и површина од приближно 103.000 квадратни метри, што го прави еден од најголемите вакви зафати во земјата.

Според проценките, по завршувањето на работите потрошувачката за греење би можела да се намали за околу 50 проценти: резултат кој значително ќе влијае и на намалување на емисиите на CO₂ и на вкупната енергетска потрошувачка на комплексот.

Проектот треба да биде финализиран до крајот на 2028 година и не застанува само на градежните интервенции. Паралелно се планира и модернизација на системот за греење, кој ќе биде прилагоден на поодржливи и еколошки технологии.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран