УТРО.мк

Кина го обвини својот највисок генерал за наводно оддавање нуклеарни тајни на САД

Кина го обвини својот највисок генерал за наводно оддавање нуклеарни тајни на САД
Vero

Кинеската влада, според информации што кружат во меѓународните медиуми, го обвинила еден од своите највисоки воени функционери, генералoт Жанг Јоусија (Zhang Youxia), за наводно оддавање доверливи информации поврзани со кинеската нуклеарна програма на Соединетите Американски Држави.

Според извештаите, генералoт, кој важи за една од највлијателните фигури во кинескиот воен врв, наводно доставил критични технички податоци за кинеското нуклеарно оружје до американски извори.

Станува збор за информации што, доколку се потврдат, би претставувале еден од најсериозните безбедносни скандали во поновата историја на Кина.


Засега нема официјална потврда или детално соопштение од Пекинг, ниту пак од американска страна. Информациите се базираат на медиумски извештаи и извори блиски до безбедносните кругови, а кинеските власти традиционално не коментираат вакви случаи додека истрагите се во тек.


Аналитичарите предупредуваат дека доколку обвинувањата се покажат како точни, случајот би можел да има сериозни геополитички последици, вклучително и дополнително влошување на односите меѓу Кина и САД, кои и онака се затегнати поради прашања поврзани со безбедноста, технологијата и глобалното влијание.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран