УТРО.мк

Германскиот министер за надворешни предлага ЕУ да го укине ветото во надворешната политика

Германскиот министер за надворешни предлага ЕУ да го укине ветото во надворешната политика
Vero

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул повика Европската унија да го преиспита принципот на едногласност во надворешната и безбедносна политика. Според него, едноединечно вето од поединечни земји-членки ја успорува способноста на ЕУ да делува брзо и ефективно во кризни ситуации, јавува Дојче Веле.

„Поддржувам воведување на систем на квалификувано мнозинство. Случувањата поврзани со Украина и санкциите против Русија покажуваат дека сегашниот модел не е доволно ефикасен“, изјави Вадефул.

Во Советот на ЕУ, чувствителните области како заедничката надворешна и безбедносна политика се одлучуваат со едногласност – едно вето може да блокира цел процес. Наспроти тоа, квалификуваното мнозинство веќе се применува во многу други области, каде за донесување на одлука се потребни најмалку 55% од земјите-членки (15 држави) кои претставуваат најмалку 65% од населението на ЕУ. Овој систем овозможува Советот да остане функционален дури и ако некоја земја гласа „против“.

Иницијативата за поголема употреба на квалификувано мнозинство не е нова – повеќе министри за надворешни работи, меѓу кои и поранешната германска министерка Аналена Бербок, веќе се залагаа за оваа промена.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран