УТРО.мк

Германија во прекин со јавниот превоз поради штрајк на транспортните работници

Германија во прекин со јавниот превоз поради штрајк на транспортните работници
Vero

Голем дел од Германија денеска се соочува со сериозни нарушувања во јавниот превоз. Автобусите, трамваите и возовите од подземните железници ширум 15 сојузни покраини остануваат во депо поради предупредувачки штрајк на синдикатот на транспортни работници, јавуваат германските медиуми.

Штрајкот, кој го повика синдикатот „Верди“, предизвикува големи проблеми за граѓаните кои секојдневно патуваат на работа, како и за учениците кои мораат да се снаоѓаат со алтернативни начини на превоз.

Синдикатот бара пократка работна недела, подолги периоди на одмор и повисоки додатоци, а мерките се резултат на неуспехот на преговорите со здруженијата на општинските работодавачи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран