УТРО.мк

Европа се подготвува: Две држави испраќаат повици за мобилизација, расте загриженоста

Европа се подготвува: Две држави испраќаат повици за мобилизација, расте загриженоста
Vero

Белгиското Министерство за одбрана ќе испрати писма до 150.000 седумнаесетгодишници, со цел да ги информира за можноста да се пријават на едногодишна доброволна воена служба. Според министерот за одбрана Тео Франкен, ова е дел од поширока кампања за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.

Слична ситуација предизвика паника во Бугарија, каде граѓаните добиле повици за мобилизација. Тамошното Министерство за одбрана соопшти дека станува збор за рутинска проверка на резервистите, а не за подготовки за војна, како што се шпекулираше.

Во последната година повеќе европски држави повторно воведуваат или прошируваат воени програми поради растечките безбедносни ризици:

Летонија повторно воведе задолжителна воена служба;

Хрватска ја врати обврската за лицата родени во 2007 година;

Данска ќе ја вклучи и женската популација во воената обука;

Германија подготвува закон за доброволна шестмесечна служба;

Полска планира годишна обука за 100.000 млади.

Европа, очигледно, повторно се насочува кон обновување на воената готовност поради засилените тензии со Русија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран