Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија усвоија нов пакет санкции насочени кон, како што наведуваат, „хибридните и дестабилизирачки активности“ на Русија. Со одлуката се санкционирани дополнителни 12 физички и две правни лица, со што вкупниот број опфатени со рестриктивни мерки достигна 59 физички и 17 правни субјекти.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
На листата се најдоа аналитичари за надворешна политика поврзани со институции, тинк-тенкови и универзитети блиски до Кремљ, како и јавни личности обвинети за ширење проруска пропаганда, теории на заговор за војната во Украина и наративи насочени против Украина и НАТО. Дел од санкционираните се и поранешни воени и полициски службеници од земји на Западна Европа.
ЕУ воведе санкции и против Меѓународното движење на русофилите, кое Брисел го обвинува за ширење на дестабилизирачки пораки во согласност со позициите на руската влада. Санкциониран е и 142-от баталјон за електронско војување со седиште во Калининград, за кој се тврди дека е вклучен во попречување на комуникациски системи и електронско војување, вклучително и дефекти на GPS сигналот во неколку земји членки.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
На списокот се најдоа и припадници на руската воена разузнавачка служба ГРУ, како и сајбер-групата „Cadet Blizzard“, обвинета за изведување сајбер напади врз владини институции во Украина, ЕУ и земјите на НАТО со цел прибирање чувствителни информации и политичка дестабилизација.
Покрај тоа, санкционирани се уште пет физички и четири правни лица поврзани со поддршка на таканаречената руска „флота во сенка“. Меѓу нив има бизнисмени поврзани со нафтените компании „Росњефт“ и „Лукоил“, како и превознички фирми од Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Русија, чии танкери, според ЕУ, учествуваат во заобиколување на забраната за извоз на руска нафта.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph



























