Аеродромот Берлин-Бранденбург во Германија денеска ги продолжи своите операции по привременото затворање предизвикано од забележан дрон синоќа. Претставник на аеродромот за германската новинска агенција ДПА изјави дека моментално нема никакви рестрикции и дека сообраќајот се одвива нормално.
Воздушниот сообраќај беше суспендиран речиси два часа, што предизвика пренасочување на бројни летови. За да се надоместат задоцнувањата, аеродромот го прошири својот распоред, овозможувајќи полетување на авиони до два часот по полноќ и слетување во текот на ноќта. Пет авиони ја искористија оваа можност за полетување.
Инцидентите со дронови стануваат сè почести во Германија, нарушувајќи ја нормалната работа на аеродромите. На почетокот на октомври, дрон со непознато потекло накратко го стопираше сообраќајот на аеродромот во Минхен, втор по големина во земјата.































