УТРО.мк

Дедото на новата шефица на британската тајна служба бил нацистички шпиун познат како “Касапот”

Дедото на новата шефица на британската тајна служба бил нацистички шпиун познат како “Касапот”
Vero

Скандал во Лондон: Дедото на новата шефица на MI6 бил нацистички соработник?

Британскиот весник Daily Mail објави сензационална приказна според која дедото на Блејз Метревели – новата директорка на тајната разузнавачка служба MI6 – бил нацистички шпион познат под прекарот „Касапот“.

Метревели, која неодамна беше именувана за прва жена на чело на MI6 во 116-годишната историја на службата, според архивски документи, потекнува од семејство со контроверзно минато. Весникот тврди дека нејзиниот дедо, Константин Доброволски, Украинец по потекло, пребегнал од Црвената армија и станал главен информатор на нацистичка Германија во регионот Чернихив.

Во написот се наведува дека Доброволски бил познат меѓу германските воени кругови како „Агент број 30“ и дека Советскиот Сојуз распишал награда од 50.000 рубљи за неговото фаќање, опишувајќи го како „најголем непријател на украинскиот народ“.

Според документите пронајдени во германските архиви, Доброволски лично се фалел со учество во масовни егзекуции на Евреи и украински војници. Во едно писмо до неговите нацистички претпоставени, тој дури го завршува со зборовите „Хајл Хитлер“.

Портпарол на британското Министерство за надворешни работи, Комонвелт и развој изјави дека Метревели никогаш не го познавала својот дедо по таткова линија и дека нејзиното потекло, како и кај многу други со источноевропско наследство, е обележано со болни поделби и трагедии.

„И токму тоа комплексно минато придонесе за нејзината длабока посветеност на спречување конфликти и заштита на британската јавност од современи закани од непријателски држави“, се наведува во официјалната изјава.

Блејз Метревели пораснала во странство, а дипломирала антропологија на Универзитетот Кембриџ. Во MI6 се приклучила во 1999 година и има повеќе од две децении искуство на терен во Европа и Блискиот Исток. Во моментов ја извршува функцијата „Q“ – технички директор на службата, инспирирана од познатиот лик во филмовите за Џејмс Бонд.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран