УТРО.мк

Амбасадорот на Иран во ОН повикува на акција на Советот за безбедност за ситуацијата во Либан и Газа

Амбасадорот на Иран во ОН повикува на акција на Советот за безбедност за ситуацијата во Либан и Газа
Vero

На седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на состојбите на Блискиот Исток, иранскиот амбасадор Амир Саид Иравани упати остри пораки со повик за поенергична интервенција на меѓународната заедница.

Во своето излагање, тој истакна дека меѓународната заедница не смее да остане пасивна, туку мора да обезбеди целосно почитување на прекинот на огнот, при што Израел, според него, треба без одлагање да ги запре нападите насочени кон цивилното население и инфраструктурата, како и да се повлече од либанска територија.

Иравани не се задржа само на либанското прашање. Тој упати и серија критики кон САД и Израел поради, како што наведе, напади врз Иран, оценувајќи ги како дел од поширока регионална ескалација. Дополнително, ги осуди и израелските воени активности во Појасот Газа, на Западниот Брег и на Голанската Висорамнина, посочувајќи дека тие придонесуваат за понатамошно влошување на безбедносната состојба.

На крајот од обраќањето, иранскиот дипломат порача дека тековните настани бараат многу поактивна и поодлучна улога од Обединетите нации, предупредувајќи дека без посилна реакција на меѓународните институции, тензиите во регионот би можеле дополнително да се продлабочат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран