УТРО.мк

Незаборавна победа за Македонија! Романија падна во драматичен финиш

Незаборавна победа за Македонија! Романија падна во драматичен финиш
Vero

Ракометарите на Македонија го завршија настапот во групната фаза на Европското првенство со тесна победа над Романија од 24-23 (13-9). Иако трипати имавме предност од пет гола, последните минути донесоа голема неизвесност, но нашите играчи успеаја да ја задржат минималната предност до крај.

Средбата започна одлично за Македонија, со брзи голови на Иван Џонов и Ненад Костески, за водство од 3-0. Романците долго време не успеваа да најдат решение за нашата пет-еден зона, а првиот погодок го постигнаа во 11. минута. Сепак, нашите ракометари брзо возвратија, со Кузмановски и Митев кои го одржуваа водството.

Во продолжение на првото полувреме, Македонија ја искористи играта со човек повеќе, додека Жарко Пешевски и капитенот Џонов погодија за „плус пет“, за на полувреме да се замине со 13-9.

Второто полувреме донесе неизвесност. Романците се вратија со серија голови и во неколку наврати ја намалија предноста на само еден гол. Во клучните моменти, Кузмановски реализираше седмерец, а последниот гол за конечни 24-23 го постигна Ненад Костески по контра-напад во последните секунди.

Најефикасен кај Македонија беше Филип Кузмановски со девет гола, додека по четири погодоци имаа Ненад Костески, а по три Марко Митев и Игор Ѓорѓиев. Во романскиот тим се истакна Ионут Нистор со осум голови.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран