
Македонската ракометна репрезентација ќе излезе на мегдан со Португалија во клучниот натпревар на Европското првенство, а селекторот Кирил Лазаров за оваа голема битка конечно може да смета на двајца од најискусните играчи – Никола Митревски и Жарко Пешевски.
По извесното отсуство против Данска поради мали повреди, Митревски и Пешевски се враќаат во тимот токму кога најмногу им е потребен нивниот квалитет, искуство и храброст, што го зголемува оптимизмот кај навивачите дека Македонија може да направи историска победа над фаворитот.



























