УТРО.мк

Во Europe House во Скопје се одбележува Светскиот ден на мултипла склероза

Во Europe House во Скопје се одбележува Светскиот ден на мултипла склероза
Vero

Во време кога сè поголем број луѓе се соочуваат со предизвиците што ги носи мултипла склероза, денес во „Europe House“ во Скопје ќе биде испратена силна порака за поддршка, информираност и поголема општествена грижа за пациентите. Националното здружение за мултипла склероза со почеток од 11 часот ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза преку настан посветен на подигнување на јавната свест за ова комплексно невролошко заболување.

Во фокусот на средбата ќе бидат реалните предизвици со кои секојдневно се соочуваат лицата со мултипла склероза – од навремена дијагноза и пристап до современи терапии, до потребата од континуирана медицинска и психосоцијална поддршка. Организаторите најавуваат дискусии што ќе ги обединат искуствата на пациентите, ставовите на медицинската фела и институционалните политики поврзани со третманот и квалитетот на живот.

Пред присутните ќе се обратат претставници од здравствениот и јавниот сектор, меѓу кои Ана Карајанова Димитрушева, Јован Божиновски, Сашо Клековски и Слободанка Бурнеска Саздова, кои ќе зборуваат за актуелната состојба, системските предизвици и идните чекори во унапредувањето на грижата за пациентите.

Од здружението потенцираат дека мултипла склероза не е само медицинска дијагноза, туку состојба што длабоко влијае врз секојдневниот живот на илјадници луѓе и нивните семејства. Токму затоа, велат, неопходна е поголема јавна емпатија, подобра информираност и посилна институционална поддршка за лицата кои живеат со болеста.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран