Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека негов приоритет ќе биде создавање на зелен, уреден и еколошки главен град со многу паркови, зелени површини и средени кејови.
„Време е градот да биде зелен и еколошки, со многу паркови, зелени површини и средени кејови. Го имате мојот збор – доаѓа време кога сите ќе живееме подобро. Скопје го правиме заедно“, порача Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека планот за модерно и чисто Скопје предвидува повеќе инвестиции во урбано зеленило, подобра грижа за јавните простори и заштита на природата, со цел граѓаните да добијат поздрава и поквалитетна животна средина.