УТРО.мк

Орце Ѓорѓиевски на кафе со Коце Трајановски: „Скопје заслужува да ја врати својата метрополска душа“

Орце Ѓорѓиевски на кафе со Коце Трајановски: „Скопје заслужува да ја врати својата метрополска душа“
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари пријателска средба со поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Ѓорѓиевски го опиша Трајановски како човек кој како градоначалник оставил силен печат во историјата на главниот град, „градител со визија и љубов кон градот“.

„Во секој негов совет и разговор се чувствува искуството, мудроста и искрената желба Скопје да биде убаво, достоинствено и полно со живот. Нашиот град заслужува повторно да ја врати својата сјајна метрополска душа. Заедно, со многу труд и упорност, ќе го направиме тоа реалност,“ порача Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека најдоброто за Скопје допрва доаѓа, упатувајќи порака за идни проекти и активности за развојот на градот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран