УТРО.мк

Ѓорѓиевски: „Градскиот воз станува реалност – Скопје добива современ и еколошки транспорт“

Ѓорѓиевски: „Градскиот воз станува реалност – Скопје добива современ и еколошки транспорт“
Vero

Градскиот воз, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за главниот град, е во завршна фаза и ќе биде целосно функционален за шест месеци. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на Македонски железници Синиша Ивановски, денес извршија увид во текот на градежните работи.

Според Ѓорѓиевски, воведувањето на градскиот воз ќе претставува современа, брза и еколошка алтернатива за движење низ метрополата. Жителите од Драчево ќе можат да стигнат до центарот на градот за само 11 минути, додека патувањето од Зелениково ќе трае околу 25 минути.

„Ова значи побрз превоз, намалено сообраќајно оптоварување и почист воздух. Овој проект е инвестиција во здравјето и квалитетот на живот на граѓаните“, истакна градоначалникот.

Град Скопје активно учествува во реализацијата на проектот преку координација на градскиот автобуски систем со железничките линии. Најавено е усогласување на возниот ред, со што ќе се обезбеди непречено и брзо поврзување на различни делови од градот.

Ова е прва фаза од проектот. Во наредниот период се предвидува проширување на линиите кон Ѓорче Петров и Миладиновци.

Ѓорѓиевски упати благодарност до сите институции вклучени во процесот, со посебен акцент на премиерот Мицкоски.

„Ова е пример како се работи одговорно, посветено и во интерес на народот. Доаѓа време кое нема само да го чекаме – туку ќе го живееме“, додаде тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран