УТРО.мк

Делови од Центар денес без вода

Делови од Центар денес без вода
Vero

Жителите на неколку улици во општина Центар денеска ќе се соочат со привремени прекини во водоснабдувањето, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Интервенцијата која првично беше најавена за отстранување на дефект на водоводната мрежа на улицата „Црвена Вода“, поради технички причини е поместена и ќе се реализира денес. Од 09:00 часот па сè до целосното завршување на работите, без вода ќе останат домаќинствата и објектите на оваа улица.

Паралелно со тоа, нов прекин е најавен и на улицата „20-ти Октомври“ бб, каде од 10:30 часот ќе се изведува приклучок на водоводна цевка со пречник од Ф80 милиметри. До комплетирање на градежните активности, дел од корисниците на оваа улица ќе имаат прекинато водоснабдување.

Од претпријатието апелираат граѓаните за трпение, нагласувајќи дека станува збор за неопходни технички зафати со цел подобрување на водоводната мрежа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран