УТРО.мк

Тоневски: Инвестиција од 4,7 милиони денари за подобра инфраструктура во Пробиштип

Тоневски: Инвестиција од 4,7 милиони денари за подобра инфраструктура во Пробиштип
Vero

Во населбата Калниште во тек се градежни работи за изградба на улицата „3“, која ќе ги поврзува двете чешми во овој дел од општината. Увид во активностите изврши градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Проектот опфаќа пробивање, тампонирање и асфалтирање на улицата, со вкупна вредност од околу 4.700.000 денари. Финансиските средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.

Од општината информираат дека изградбата на оваа улица е дел од пошироките активности за подобрување на локалната инфраструктура, со цел обезбедување побезбедно и поквалитетно движење за жителите.

Тоневски посочи дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобрување на условите за живот во населените места и најави дека општината ќе продолжи со инвестиции во инфраструктурата и во наредниот период.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран