
ВЕЛЕС – Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во зона која важи за туристички и рекреативен центар, прекините на електрична енергија станаа секојдневие, а трпението на граѓаните е целосно исцрпено.
Револтот кулминира бидејќи проблемот не е нов – тој трае повеќе од три години. И покрај уредното плаќање на сметките и редовното пријавување на дефектите, трајно решение нема.
„Прска“ струјата при секој дожд и ветер
Според сведоштвата на мештаните, мрежата е толку нестабилна што при најмал ветер или дожд, снабдувањето веднаш се прекинува.
„Не зборуваме за хаварии од големи размери, туку за секојдневни прекини. Доволно е малку да заврне или да дувне ветер за да останеме во мрак. Екипите на ЕВН доаѓаат, вршат некаква санација, но проблемот суштински не се решава. Ова е малтретирање,“ велат револтираните граѓани.
Загрозени се деца, бебиња и болни лица
Особено загрижувачка е состојбата во зимскиот период. Во овој регион, каде што живеат неколку илјади луѓе, вклучувајќи многу млади семејства со бебиња, мали деца и стари лица, прекинот на струја значи и прекин на греењето.
Жителите обвинуваат дека се оставени на немилост на ниските температури, а честите струјни удари предизвикуваат сериозни дефекти на апаратите за домаќинство, за кои никој не ги обесштетува.
Огромни загуби за стопанството и туризмот
Покрај домаќинствата, овој регион е дом на две поголеми населби и повеќе хотелски комплекси кои се клучни за локалниот туризам. Стопанските субјекти трпат огромни финансиски загуби поради неможноста да ги опслужат гостите, расипување на храна и опрема, и нарушување на репутацијата пред посетителите.
Најавени тужби и самоорганизирање



























