УТРО.мк

Истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти во Тетово

Истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти во Тетово
Vero

Општина Тетово апелира до граѓаните на Тетово, кои поднеле барање за легализација на бесправно изградени објекти во периодот од 2011 до 2018 година, да ја комплетираат потребната документација до 3 март оваа година, кога истекува законскиот рок.

Во тек е последната можност сите граѓани кои поднеле барање за легализација до Општина Тетово, чија постапка беше прекината претходно поради недостаток на документација, да го искористат законскиот рок и да ја комплетираат потребната документација.

Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи до 03.03.2026 година.
Сите лица или субјекти кои поднеле барање претходно, а не можеле да го остварат своето право на легализација, сега имаат можност да го искористат последниот рок за комплетирање на сите потребни документи потребни согласно Законот за легализација на дивоградби.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран