УТРО.мк

Пристигнува најладниот бран оваа зима

Пристигнува најладниот бран оваа зима
Vero
zima
zima

Македонија од овој викенд влегува во нова, изразено студена временска фаза. Продор на ладен воздух од источен и североисточен правец ќе донесе осетно заладување, со нагласени мразеви во ноќните и раните утрински часови, особено во котлините и рамничарските предели.

Покрај ниските температури, повремено ќе има и слаби, локални врнежи. Дел од нив, поради студениот воздух, ќе преминуваат во снег, кој може да се појави и во пониските места и градовите. Сепак, метеоролозите засега не очекуваат создавање позначајна снежна покривка, бидејќи врнежите ќе бидат слаби и ограничени по обем.

Она што ја крева тревогата кај метео-јавноста е можниот развој на далеку поекстремно сценарио. Според актуелните метеоролошки модели, по 20 јануари постои реална шанса Европа, Балканот и регионот да бидат зафатени од многу посилен сибирски студен бран. Доколку ваквиот развој се реализира, температурите би можеле драстично да паднат, носејќи екстремно ладно и суво време.

Кога станува збор за снегот, прогнозите засега остануваат неизвесни. Иако инстинктивно се поврзува силниот студ со обилен снег, ваквите сибирски воздушни маси најчесто носат суво време, со мал или без значаен снежен потенцијал.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран