УТРО.мк

Препишувањето не помина: Десетици матуранти останаа без испитниот рок

Препишувањето не помина: Десетици матуранти останаа без испитниот рок
Vero

Шеесетина ученици биле отстранети од полагањето на државната матура поради препишување, а ќе добијат можност повторно да ги полагаат испитите во августовскиот испитен рок, информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа посочи дека бројот на ученици кои биле фатени во обид за препишување е значително помал во споредба со претходните години. Од двата испитни термина биле отстранети околу 60 матуранти, што, според неа, претставува показател за напредок во начинот на спроведување на државната матура.

„Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори, каде што учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејства“, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека организацијата на испитите била на високо ниво и дека најголемиот дел од учениците полагале совесно и без злоупотреби.

Министерката истакна дека годинава е воведен и нов пристап во полагањето, со два типа на матура согласно наставните планови и програми, со што, како што рече, е надмината досегашната нерамноправност меѓу учениците.

Годинава за полагање на државната матура беа пријавени вкупно 14.587 матуранти. Првиот екстерен испит – странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура – се одржа на 6 јуни, додека вториот екстерен испит по мајчин јазик се полагаше на 11 и 12 јуни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin