УТРО.мк

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во Струмица и Куманово: Нестабилното време се движи кон југот на државата

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во Струмица и Куманово: Нестабилното време се движи кон југот на државата
Vero

Невреме попладнево нагло ја зафати земјава, а Управата за хидрометеоролошки работи алармира за интензивна атмосферска нестабилност што се движи низ повеќе региони. Според најновите информации од синоптичарите, силни воздушни струења предизвикуваат брза промена на времето.

Во струмичкиот регион веќе се регистрирани поројни врнежи, силни грмежи и засилен ветер, додека нестабилна облачна маса од север се спушта кон јужните делови на државата. Под удар на невремето е и Кумановско, каде во моментов има интензивен дожд проследен со електрични празнења и силни налети на ветер.

Од УХМР предупредуваат дека временската состојба може дополнително да се влошува во текот на вечерните часови, а граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност и следење на официјалните информации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран