УТРО.мк

Мизар слави 45 години со концерт во во рамки на „Денови на Крали Марко’“

Мизар слави 45 години со концерт во во рамки на „Денови на Крали Марко’“
Vero

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на една од најсилните фигури во народната традиција, Крали Марко. Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која секоја година ја организира Општина Прилеп, градот ќе живее во знакот на историјата, легендите и современата уметничка сцена.

Настанот, кој има за цел да ја одржи живa врската меѓу легендарниот средновековен јунак и градот кој со векови го носи неговото име во својата културна меморија, и оваа година носи разновидна програма. Покрај чествувањето на годишнината од неговото загинување и промоцијата на локалното историско наследство, манифестацијата повторно се отвора кон современите уметнички изрази.

Посебен интерес предизвикува музичкиот настан закажан за недела, 17 мај 2026 година, кога амфитеатарот во Варош ќе биде сцена за еден од најзначајните македонски бендови, Мизар. Концертот започнува во 20:00 часот и е замислен како јубилејна „best of“ вечер со која групата одбележува 45 години творештво.

Публиката ќе има ретка можност да ги слушне во живо темелните песни што ја обележаа македонската алтернативна и пост-панк сцена. На репертоарот се очекуваат композиции како „Градот е нем“, „Магла“, „Униније“, „Дождот“ и „Константинопол“, кои со текот на времето прераснаа во препознатливи музички симболи.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран