
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево преку својот фејсбук профил информира дека одржал саботен состанок со својот владин тим посветен на реформската агенда.

„Борбата за критериумите на Европската Унија продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба продолжува“, напиша Мицкоски.



























